Вести|

15 јануари 2025, Скопје – Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виена, а каде што министерката учествува на Форумот на „Инвисо“.

На средбата министерката за финансии ги посочи напорите што ги вложува Владата во реализација на инвестиции, како во јавниот така и во приватниот сектор со цел забрзување на економската активност и постигнување повисоки стапки на економски раст. Таа се осврна на проектите на коишто се работи, како и на проектите за кои може да се развие соработка. Пред сѐ, станува збор за инвестиции во инфраструктурни проекти, како и за проекти во областа на енергетиката, здравството и сл.

Притоа, и двете страни ги истакнаа заложбите за продолжување и зајакнување на соработката во наредниот период и можноста преку ова партнерство да се обезбдат средства за финансирање развојни проекти.

Фондот за меѓународен развој на ОПЕК е мултилатерална развојна финансиска институција која финансира проекти со цел стимулирање на економскиот раст и социјалниот напредок на земјите во развој. Досега Фондот на ОПЕК има инвестирано повеќе од 27 милијарди американски долари за развојни проекти во над 15 земји.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *