27 февруари 2025, Скопје – Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд со прелиминарните наоди, кој беше објавен на крајот на спроведената Мисија за член 4 за состојбата во земјата, најдобро ги отсликува политиките што ги спроведуваше Владата на СДС/ДУИ и она што го оставија на новата Влада да се справува и да наоѓа начини како да го коригира тоа.
Во објава на Фејсбук министерката наведува:
„Додека ме напаѓате по различни основи, јас работам со факти, кои, за жал на сите нас, се многу тажни.
Извештајот на ММФ говори за погубните политки што ги спроведуваше изминатата Влада на СДС/ДУИ без око да им трепне.
Поради нивното неразумно трошење, јавниот долг достигна едно катастрофално ниво, па Владата на ВМРО-ДПМНЕ мораше да прави чуда задолжувајќи се со кредит со најниски стапки во историјата на државата и да „гасне пожари“ буквално на сите „фронтови“, додека земјите од регионот успешно се консолидираа и го контролираат нивниот јавен долг. Воедно, ниското ниво на капитални расходи во времето на СДС/ДУИ доведе до тоа да имаме лоши оценки и во тој дел, а притоа немаме никаква реализација на ниту еден проект од тоа време.
Затоа, следен пат, кога немате аргументи, не ми ги извртувајте зборовите. Ако сакате да бидете конструктивна опозиција, треба да разговараме со факти, без оркестрирани лаги и лажна емпатија кон своите сопартијци“, стои во објавата на нејзинот профил на Фејсбук.