Годишната програма за обука на вработените во јавниот сектор за 2025 година ги опфаќа темите на обуки што ќе ги спроведува Секторот-Академија за јавни финансии во текот на годината. Програмата е резултат на сеопфатна анализа на потребите за обука, спроведена преку:

  • прашалник за проценка на потребите за обука, споделени со контакт лицата во институциите од јавниот сектор на централно ниво,
  • анализа на официјалните годишни извештаи за извршени ревизии и работата на Државниот завод за ревизија,
  • предлози за обуки доставени од секторите на Министерството за финансии,
  • како и Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2024–2028 и Годишниот план за работа на Министерството за финансии за 2024 година.

Покрај планираните обуки опфатени со Програмата, Академијата за јавни финансии организира и ад хок обуки, во соработка со партнери, донатори и секторите во рамките на Министерството за финансии, со цел навремено одговарање на новонастанатите потреби и предизвици на вработените во јавниот сектор.

Годишна програма за обука на вработените во јавниот сектор за 2025



 

Годишната програма за работа на Секторот Академија за јавни финансии за 2025 година е подготвена во согласност со стратешките насоки на Министерството за финансии и се базира на принципите на професионален развој, транспарентност, ефикасност и отчетност.

Програмата ги рефлектира целите и активностите утврдени во Годишната програма за работа на Министерството за финансии за 2025 година, а истовремено е целосно усогласена со Стратешкиот план на Министерството за периодот 2025–2027 и Програмата за управување со јавните финансии за 2025–2028 година. Овој пристап овозможува хармонизација и зајакнување на заедничките напори во насока на остварување на стратешките приоритети.

Клучната цел на оваа програма е да обезбеди квалитетна, применлива и насочена обука за вработените во јавниот сектор, да придонесе за зголемување на видливоста и важноста на Академијата, како и да поттикне ефективно и одговорно управување со јавните финансии.

Програмата опфаќа разновидни активности: обуки дизајнирани според потребите на целните групи, развој на меѓународна и меѓуинституционална соработка, изработка на методолошки и стратешки документи за подобрување на интерните процеси, како и примена на современи алатки за учење за постигнување на одржливи резултати во областа на јавните финансии.

Годишна програма за работа за 2025 година на Секторот Академија за јавни финансии


Comments are closed.