Вести|

26 февруари 2025, Скопје – Интензивирањето на јавните инвестиции и поддршка на потрошувачката со трансфери од Владата и реалниот раст на платите ќе бидат главни двигатели на растот на домашната економија во 2025 година. Ова е дел од прелиминарните наоди на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Член IV,   објавени во завшната изјава на ММФ по спроведените консултации во земјава.

ММФ, како што е наведено во објавеното соопштение, ги нотира целите на Владата за намалување на дефицитот, за зголемување на продуктивноста, зголемување на животниот стандард и намалување на неформалноста.

 

Според ММФ во земјава моментот на раст се зголемува и очекува растот во 2025 година да изнесува 3,3%, со се уште присутното влијание на слабата надворешна побарувачка забележана во 2024 година. На долг рок сметаат дека влијание врз растот може да има високата стапка на иселување. При тоа клучно за ММФ за зголемување на продуктивноста и надоместување на трошоците на иселувањето се структурни реформи насочени кон подобрување на деловното опкружување, зајакнување на пазарот на трудот, зголемување на инвестициите во јавната инфраструктура, зајакнување на владеењето на правото и напори за спречување на корупција, како и подобрување на управувањето.

 

ММФ ги нагласува целите на Владата за намалување на буџетскиот дефицит, наведувајќи дека е клучно да се оствари очекуваното зголемување на приходите преку намалување на сивата економија и зголемување на усогласеноста со даночите обврски. При тоа од страна на ММФ се поздравени напорите на Управата за јавни приходи за модернизација на процесите и намалуање на неформалното работење. Се посочува дека е потребна кредибилна фискална стратегија која ќе обезбеди придржување кон фискалните правила за нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, коешто е клучно за зачувување на кредибилитетот за одржување на пристапот кон меѓународните пазари на капитал, за создавање протсор за инвестиции, како и за зајакнување на отпорноста на идни потреси. При тоа според ММФ фокусот треба да биде на конторла на тековните трошења преку враќање на пензискиот систем заснован на индексирање само според инфалција, како и ограничување на растот на платите во јавниот сектор, исто така согласно со инфлацијата на краток рок.

 

Мисијата на ММФ посочува дека структурните фискални реформи се потребни  за зајакнување на фискалното управување и подобрување на ефикасноста на трошењето и дека на тој план веќе се остварува одреден напредок. При тоа посочуваат на тоа дека клучните тековни мерки вклучуваат спроведување на одлука за Управување со јавни инвестиции и соодветен прирачник, донесување  закон за ЈПП и спроведување  прегледи на трошењата за оптимизирање на распределбата на буџетот.

 

Мисијата на ММФ беше спроведена во период од 13 до 25 февруари, а врз основа на прелиминарните наоди ќе биде изготвен извештај.  Консултациите по членот IV се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *