Новините секогаш предизвикуваат отпор
Минатиот месец јавноста беше преокупирана со неколку најавени економски реформи кои директно влијаат врз животниот квалитет на граѓаните.
Министерот за финансии Трајко Славески најави дека владата ќе ја укине можноста банките да ги гарантираат граѓанските чекови. Оваа мерка ги исплаши граѓаните. Управата за јавни приходи најави фискализирачки поход кон државните институции и кон верските заедници, што ги вознемири духовите во Црквата и Исламската верска заедница. Голем прав кренаа и предложените промени во Законот за здравствено осигурување.
Министерот за финансии минатава недела, меѓу состанокот со ММФ и службениот лет за Шпанија, одвои време да одговори на некои од прашањата што ги мачат граѓаните.