Во насока на барањата на бизнис заедницата за намалување на каматната стапка на државните записи, Министерството за финансии на денешната аукција ја намали каматната стапка за 0,3 %. Каматната стапка на шестемесечните записи со девизна клаузула се намалени од 4,7 % на 4,4 %, додека на оние со денарска клаузула од 5% на 4,7%. Станува збор за историски најниски каматни стапки на шестмесечни државни записи.

&nbsp

Денеска се продадени државни записи без девизна клаузула во вредност од 1.440.000.000 денари и 682.290.000 денари записи со девизна клаузула.

&nbsp

Министерството ќе изврши и поврат на 1.983.590.000 денари кои доспеваат на 8 – ми септември.

&nbsp

Министерството за финансии останува на поддршката на стопанството и банкарскиот сектор.

Comments are closed.