Вицепремирот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Пролет 2011“ засади дрвца во селото Бучинци, општина Илинден.
 
– Ова е една убава акција со којашто земјата е веќе препознатлива во регионални размери. Најдобро од се е што граѓаните во масовен број се приклучуваат, а има и многу деца, ученици кои од мали учат дека треба да ја сакаат, да ја негуваат и чуваат природата и да се грижат за неа бидејќи тоа е значајно за иднината и за здравиот развој на идните генерации. Верувам дека исто како што овие дрвца идните години ќе се завцрстуваат, растат и ќе стануваат посилни, така и македонската економија во годините што следат ќе биде поцврста, посилна и ќе оди напред, изјави вицепремиерот Ставрески.