Скопје, 12 јули 2012 (МИА) – Македонските компании од денеска имаат на располагање нови 10,7 милиони евра што ги обезбеди Владата, а со цел подобрување на ликвидноста и конкуреноста на странскиот пазар во услови на криза, како и 100-те милиони евра што Владата ги обезбеди од Европската инвестициска банка, а кои се достапни од пред два дена. Средствата ќе се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот по поволни услови со камата од 3 проценти.

 

Договорот со Владата за докапитализација на МБПР преку што се обезбедуваат средстата беше врачен денеска од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на претседателот на Надзорниот одбор на Банката Оливер Костуранов.

 

– Пред два дена ја објавивме кредитната линија од 100 миолини евра за малите и средни претпријатија која е голема финансиска поддршка за македонското сопанство, а денеска објавуваме дека ставаме во функција и ставаме на располагање уште дополнителни 10,7 милиони евра средства наменети пред се за фирмите што се занимаваат со преработка на земјоделски производи, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

Според него Владата ги обезбеди овие две кредитни линии навреме како директна поддршка на стопанството во услови на нарушена ликвидност и зголемени проблеми поради европската должничка криза. Начинот, истакна, на кој оваа кредитна линија се обезбеди и условите под кои таа е обезбедена ќе им помогне во вистинско време на фирмите кои се занимаваат со откуп, преработка и извоз на земјоделски производи.

 

– Со овие средства обезбедуваме поволни ликвидни иинвестициски средства за 50-тина компании од Македонија кои во следните месеци треба што побрзо да ги искористат средствата и да ги повлечат. На тој начин им помагаме не само на компаниите, бидејќи тие компании откупуваат производи од земјоделците и ќе може со овие средства да се врши понавремено плаќање на земјоделците. Токму затоа е избран овој сектор од причина што тука има сеозонски влијанија и осцилации во однос на периодот што е потребен од откупот до нивната преработка, пласирањето и отплатата на пласираните производи. Затоа во овој временски период им се потребни ликвидни средства да го пополнат тој јаз и токму тука Владата интервенира преку Македонската банка за поддршка на развојот, рече Ставрески.

 

Претседателот на надзорниот одбор на Банката, Оливер Костуранов истакна дека со овие средства од Владата преку докапитализација на Македонска банка за поддршка на развојот даваат дополнителни можности за подобрување и развој на производните и конкурентнските способности на малите и средни прептпријатија.

Кредитната линија директно ќе биде менаџирана од Македонската банка за поддршка на развојот, под исклучително поволни услови со каматна стапка од 3 проценти за крајните корисници. Рокот на отплата ќе биде до пет години и грејс период од една година доколку станува збор за основни средства и 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс период за кредити за обртни средства. Барањата ќе се поднесуваат директно во Македонската банка за поддршка на развојот во Скопје.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.