11 септември 2017, Скопје – Заменик-министерот за финансии д-р Ширет Елези во рамките на своите институционални надлежности денес оствари средба со директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и заменик директорот на Управата за јавни приходи Насер Демири.
Целта на овој состанок беше да се дискутира за активностите преземени во рамките на оваа дирекција, како и дискусија за проектите што се спроведуваат и проектите што се планираат за во иднина.
Посебен акцент беше ставен на потребата од зајакнување на институционалните капацитети, како и обука и зголемување на бројот на стручни работници во оваа институција, со оглед на одговорноста на Управата за јавни приходи за собирање на јавни приходи.