10 октомври 2017, Скопје – Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека ќе ги почитува законите и прописите во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор. Исплатите на минималната плата се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.
Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие ќе ја исплаќаат согласно предвиденото со закон.
Би сакале да истакнеме дека законите подеднакво важат за сите и истите во целост се почитуваат од страна на Министерството за финансии.