28 мај 2018 година, Скопје – Заменик министерот за финансии, Ширет Елези, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во повеќе сегменти како и за размена на искуства.
Амбасадорот најави дека Република Чешка ќе продолжи да финансира проекти во Македонија. Исто така на средбата амбасадорот истакна дека економската промоција на нашата земја ќе продолжи и во иднина се со цел привлекување на повеќе чешки директни инвестиции во Македонија.