2 август 2018 година, Скопје  – Министерот Тевдовски, по повод празникот Илинден, положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, пред споменикот на АСНОМ и споменикот на Никола Карев. Тевдовски беше дел од владината делегација заедно со Мила Царовска и Едмонд Адеми, која денеска присуствуваше на прославата на празникот во организација на Собранието на РМ.
Нека ни е честит Илинден, Денот на Републиката!
Нејзините граѓани имале и имаат една единствена цел, а тоа е слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите!

Comments are closed.