Платeжната агенција преку која ќе се реализираат ИПАРД средствата во Македонија денеска доби акредитација од Европската комисија, соопшти Министерството за финансии.

&nbsp

Европска акредитација добија и Националниот координатор за авторизација и Националниот фонд при Министерството за финансии, Оперативната структура за рурален развој сочинета од Телото за управување во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Ревизорското тело од Државниот завод за ревизија.

&nbsp

Со тоа, на сите овие структури им се овозможува  целосно децентрализирано управување со ЕУ фондовите од петтата компонентата од Инструментот за претпристапна помоп (ИПА) – Рурален развој.

&nbsp

– Со доделување на акредитацијата, Европската комисија и одаде признание на македонската Влада за направениот напор за воспоставување на структурите за целосно децентрализирано управување со ИПА помошта во државната администрација во рамки на оваа Компонента, како и воспоставување целокупната правна рамка за правилно и ефикасно трошење на доделената помош од страна на Европската унија, наведува Министертсвото.

&nbsp

Согласно Оперативната програма за рурален развој од 2007-2012 Македонија има на располагање 62,5 милиони евра ИПАРД средства. Владата ќе обезбеди дополнително учество од 25 отсто како задолжително национално кофинансирање.

&nbsp

Целта на ИПАРД Програмата е да се подобрат конкурентноста на земјоделското производство, земјоделско-прехранбениот сектор и квалитетот на животот на руралната популација преку нивно усогласување со ЕУ стандардите, како и постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економска активност и зголемување на можностите за вработување.

&nbsp

Проектите што ќе бидат финансирани со ИПАРД програмата се однесуваат на инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба, преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и диверзификација и развој на рурални економски активности, согласно стандардите на ЕУ.

&nbsp

 

По поднесеното барање за акредитација и спроведените ревизорки мисии, се очекува Европската комисија да им додели акредитација и на структурите за децентрализирано управување со ЕУ фондовите од првата ИПА компонентата – Помош во период на транзиција и институционална надградба.(МИА)

Comments are closed.