Министерството за финансии на Република Северна Македонија ја известува заинтересираната јавност дека планира да реализира проект за “Енергетска ефикасност во јавниот сектор”. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска Банка, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на проектниот документ и процесот на одобрување, ќе се одржат јавни консултации со засегнатите страни на следните документи:

Наведените документи на англиски јазик се достапни на увид во просториите на Министерството за финансии, како и на следната веб страница: www.finance.gov.mk . Македонски верзии од документите ќе бидат објавени во рок од 3 работни дена.

 

Јавната консултација за горенаведените документи за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, ќе се одржи во: Министерство за финансии, на 18.11.2019 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведените е-маил адреси.

Забелешки и/или коментари по однос на документите може да се достават на самата јавна презентација и/или во писмена форма, најдоцна до 06.12.2019 година, на следната адреса:

Министерство за финансии

Ул. Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје

Лица за контакт:

Тања Томиќ (за социјалните аспекти)

Тел: 02/ 325 5738

E-mail: tanja.tomic@finance.gov.mk

Катарина Георгиевска (за аспектите од животна средина)

Тел: 02/ 325 5675

E-mail: katarina.georgievska@finance.gov.mk

Comments are closed.