Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) – Република Македонија има најниска даночна стапка во светот според извештајот „Paying taxes 2015“. Со стапка од 7,4 проценти таа се најде на 7. место од вкупно 189 земји опфатени во Извештајот.
Оваа година, Република Македонија повторно го задржа првото место со понатамошно намалување на стапката од 8,2 проценти на 7,4 проценти.
Времето потребно за плаќање даноци во Македонија изнесува 119 часа и е најкратко време во однос на земјите од регионот, од Централна Азија и Источна Европа.
Во однос на бројот на плаќања од земјите од регионот, од Централна Азија и Источна Европа, Македонија се наоѓа на 6. место.
Македонија ги намали своите плаќања на само седум во споредба со минатогодишните 29.
Во Извештајот е укажано дека намалувањето се должи на задолжителното плаќање ДДВ преку електронскиот систем, како и зголеменото користење на електронските системи за плаќање на данокот на добивка.