Кои сме ние?

Академијата за јавни финансии е организирана како сектор во рамките на Министерството за финансии, основана за да придонесе кон подобрување на јавните финансии во Република Северна Македонија. Наша мисија е да ги едуцираме и поддржуваме вработените во јавниот сектор преку обуки, методолошки упатства и практични решенија што промовираат транспарентност, отчетност и ефективност во управувањето со јавните ресурси.

Нашата визија

Да станеме национален центар на извонредност за професионалци во јавниот сектор, препознатлив по иновации, доверба и одговорност.

Наши цели

  • Развој на капацитети на поединци и институции за подобро управување со јавните финансии.
  • Понуда на современи и практични програми за обука што одговараат на реалните потреби на јавниот сектор.
  • Промовирање на професионалност, интегритет и тимска работа во јавната администрација.

Што нудиме?

  • Обуки во областа на јавните финансии, фокусирани на унапредување на знаењата и практичните вештини на професионалците во јавниот сектор.
  • Прирачници и методолошки алатки за зголемување на ефикасноста.
  • Поддршка за професионален развој преку мрежа на соработка со домашни и странски институции.

Наши вредности

Доверба, интегритет, тимска работа, иновативност, одговорност и извонредност се основата на сè што правиме.

Comments are closed.