Сектор за буџети и фондови

Примарна задача на Секторот за буџети и фондови е креирање на фискалната политика, управување со јавните финансии и унапредување на буџетскиот процес. Во овие рамки основна надлежност на Секторот за буџети и фондови е подготовка на Предлог буџетот на Република Северна Македонија во целина и негово доставување до Владата на Република Северна Македонија.

Во рамките на Секторот се вршат и други позначајни работи кои се однесуваат на:

  • закони со кои се уредува постапката за подготовка, донесување и извршување на Буџетот на Република  Северна Македонија,
  • фискална стратегија за среднорочен период од три години со која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика и се утврдуваат износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства,
  • буџетски циркулар, со кој се даваат упатства и насоки за подготвување на буџетските барања,
  • завршна сметка на Буџетот на Република  Северна Македонија, во која се презентирани реализираните приходи и извршените расходи на сите сметки на Буџетот на Република  Северна Македонија, споредени со проекциите на приходите и одобрените расходи,
  • мислења, информации и извештаи по програми, одлуки и материјали во врска со Буџетот и буџетската политика,
  • анализи на буџетските приходи и расходи и проучување на ефектите од предложените законски решенија во областа на буџетската политика,
  • одобрување прераспределби и проширувања на буџетите на буџетските корисници согласно начелата на економичност и ефективност,
  • следење и контролирање на исплатата на платите кај буџетските корисници,
  • анализи и информации за јавните инвестиции,
  • обработување и анализа на приходите и расходите на локалните власти, како и подготовка на законска регулатива за финансирање на ЕЛС,
  • следење на работењето на јавните претпријатија, агенциите и трговски друштва основани од државата во однос на наменското користење на нивните финансиски средства,
  • прибирање, евиденција и објавување на пријавените податоци од страна на субјектите за преземените, а недоспеани и доспеани, а неплатени обврски на субјектите (ЕСПЕО),
  • систематско испитување на расходите и операционализација на опциите за штедење на високо ниво, преку спроведување на Преглед на трошоци.

Клучни контакти:

Државен советник за прашања од буџетско работење
Аница Иваноска-Стрезовски
телефон: 02/3255-519
е-пошта: anica.ivanoska@finance.gov.mk

Државен советник за прашања од буџетско работење
Тања Трипунова
телефон: 02/3255-518
е-пошта: tanja.kostovska@finance.gov.mk

Раководител на сектор
Фљорета Хасани
телефон: 02/3255-405
е-пошта: floreta.hasani@finance.gov.mk

Одделенија

Comments are closed.