Граѓаните и фирмите од денеска во деловните банки ќе можат да ги подигнат средствата од 19. рата од обврзницата за старо девизно штедење.
 
Во текот на вчерашниот ден Министерството за финансии исплати 1.598.000.000 денари (26 милиони евра) на сметките на сопствениците на овие обврзници. Оние сопственици кои поседуваат обврзници за старо девизно штедење, а кои се уште немаат посочено банкарска сметка, потребно е да се обратат до една од деловните банки на Република Македонија и да ја пополнат потребната документација.
 
На 1 октомври 2011 година ќе биде исплатена и 20 – та рата од оваа обврзница – која е и последна рата, со што целосно ќе бидат обесштетени оние граѓани и правни лица чии девизни заштеди беа заробени на сметките на деловните банки при распадот на поранешна СФРЈ.
Со исплатата на овие средства, како што се наведува во соопштението, Министерството за финансии остана доследно во определбата за редовно и навремено сервисирање на сите свои обврски што води кон подобрување на ликвидноста на стопанството и граѓаните.(МИА)