Денационализацијата, имотно-правните работи, откупот на дворното земјиште и кредитите за самовработување се само некои од прашањата што граѓаните денеска му ги поставија на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во рамки на т.н. Отворен кабинет.

&nbsp

Критики речиси нема, преовладуваат пофалните зборови, но Министерството, рече Ставрески, би сакало да слушне и понекоја сугестија зашто секако, според него, има простор за подобрување на услугите.

&nbsp

– Министерството за финансии денеска ги отвори вратите за граѓаните во насока на поголема транспарентност и можност да изнесат прашања и проблеми, но и да дадат идеи и сугестии за да ја подобриме работата. Мислам дека јас и мојот тим ќе успееме да одговориме на најголем дел од нив. За останатото ќе дадеме повратен одговор по претходна консулатција со другите надлежни институции, изјави Ставрески по средба со дел од граѓаните.

&nbsp

Низ вакви директни разговори, додаде, Министерството ги оценува сопствените политики и начинот како се третираат граѓаните.

&nbsp

Некои од нив, кои веќе се сретнаа со министерот Стварески, изразија огромно задоволство од досегашната работа на Владата.

&nbsp

– Презадоволна сум од оваа Влада која прави се за македонските граѓани. Верувам дека ќе ја постави државата на здрава основа. Не може постојано да ја критикуваме за се и сешто, ниту да ја обвинуваме за надворешните случувања, беше еден од коментарите.
Граѓаните сметаат дека ценовниот удар не е последица од работата на Министерството за финансии.

&nbsp

За средба со министерот Ставрески денеска во Отворениот кабинет се пријавени преку 150 граѓани.(МИА)

Comments are closed.