Скопје, 4 октомври 2012 (МИА) – Трајна примена на повластената стапка од 5 отсто данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност кои по предлог на Министерството за финансии се усвоени од Владата на Република Македонија. Со измените на Законот за ДДВ предвидено е и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра.

 

Со предложените измени на законот, како што соопшти Минитерството за финансии, ќе се пропише трајна примена на повластената стапка од 5 отсто за промет и увоз на компјутери, термални сончеви системи и компјутерски софтвер. Целта на примената на трајната повластена стапка е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, како и овозможување поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина. Рокот за повластената стапка за овие добра и услуги истекуваше на 31 декември 2012 година.

 

Со ослободувањето од ДДВ кај малите пратки ќе се овозможи олеснување на постапката при увоз, како и ќе се влијание на унапредување на електронската трговија во земјата. Ова ослободување не се однесува на тутун и производи од тутн, алкохол и алкохолни пијалаци како и на парфеми и тоалетни води.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.