Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија министер за финансии, Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.
Конкурсот беше распишан за деца и млади од основните и средните училишта во Република Македонија на тема „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“. На конкурсот пристигнаа 402 творби, а најдобрите 15 добија дипломи и парични награди. На 44 ученици и 7 училишта им се доделија пофалници.
Конкурсот се распишува по трет пат и е дел од активностите што Министерството за финансии, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурувањето ги преземаат за подигање на финансиската свест и писменост на населението и особено на младите.
Министерот Миноски истакна дека младите генерации учат за вистинските вредности во животот, дека во животот може да се успее само со труд, со посветена работа и штедливост.
– Во Министерството за финансии благодарени на овие вредности се грижиме за финансиските средства на сите граѓани на РМ. Тие средства ги распределуваме на соодветен начин да можеме да инвестираме во образованието, здравствени установи,м културата, спротот и сите сфери неопходни за функционриање на една држава, рече Миноски.
Гувернерот Богов пак истакна дека се работи интензивно во оваа сфера за да се подигне знаењето не само на најмалите туку и на целото население бидејќи од знаењето што го имаат корисниците на финансиските услуги многу зависи какво ќе биде и работењето и на корисниците и на давателите на финансиски услуги.
Климе Попоски рече дека истражувањето на ОЕЦД поикажало дека од 2,2 милијарди млади во светот само дека 10 проценти од нив имаат пристап до финансиската едукација, што покажува дека дека има потреба да се работи на оваа тема.