Македонија ја интензивира соработката со Европската инвестициска банка. Покрај двата проекта во кои е вклучена банката, во наредниот период се очекува поддршка на проекти во инфраструктурата, енергетиката, патната инфраструктурата, како и развој на човечкиот капитал.

&nbsp

Ова го соопштија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и потпретседателот на ЕИБ Дарио Сканапиеко, по денешната средба во Скопје.

&nbsp

ЕИБ ќе финансира дел од проектот за гасификација на Македонија, патниот правец Демир Капија – Смоквица, железничката пруга кон Бугарија, втората и третата фаза од хидросистемот Злетовица, во обновливи извори на енергија, а договорено е да се направи и надополнување на кредитната линија од 100 милиони евра наменета за мали и средни претпријатија, одобрена минатата година за подобрување на ликвидноста претприајтијата поради светската економска криза.

&nbsp

Сканапиенко посочи дека Европската инвестициска банка сака да ја зајакне соработката со Македонија и финансиската поддршка.

&nbsp

– ЕИБ нема горна линија за висината на средствата кои би ги одобриле, но ако проектите се добри ќе ги финансираме, рече Сканапиеко.

&nbsp

Тој изрази задоволство од финансиската дисциплина на земјата во време на криза, како и капацитетот да размислува на долгрочни цели во време на криза, како и од реализацијата на кредитната линија од 100 милиони евра и рече дека поддршката на мали и средни претпријатија како стожер на економијата и создавачи на нови работни места ќе продолжи.

&nbsp

Европската инвестициска банка наскоро треба да даде одобрение за финансирање на коридорот К-10, односно патниот правец Демир Капија-Смоквица, како и за изработка на физибилити студија за железничката пруга кон Бугарија и проектот за гасификација на Македонија.

&nbsp

Минситерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека средствата за гасификација ќе се определеат по изработката на физибилити студијата. Рамковно, додаде тој, се определени, но верификација треба да направат финансиските институции кои би биле вклучени во финансирањето, односноа ЕИБ и ЕБОР.

&nbsp

Ставрески се заблагодари што ЕИБ во овие две години на Македонија и даде поддршка со 150 милиони евра во два проекта и додаде дека постои заемна желба за интензивирање на сроаботката.

&nbsp

Од 1998 година ЕИБ во Македонија има инвестирано вкупно 330 милиони евра во разни проекти.

Comments are closed.