Број на Твининг проектот: MK18 IPA FI 01 19
“Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола”
Основни информации:
Назив на проектот:
|
“Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола” |
Партнери во Проектот
|
Партнери од земјите-членки: Министерство за финансии – Национална академија за финансии и економија при Кралството Холандија, Министерство за финансии на Хрватска, Министерство за финансии на Бугарија, Министерство за финансии на Латвија.
Партнери од земјата-корисник: Министерство за финансии на Република Северна Македонија Биро за јавни набавки, Државна комисија за жалби по јавни набавки
|
Времетраење:
|
54 месеци (01.02.2020-31.07.2024) |
Вредност: | 3.700.000,00 Евра |
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Националната ИПА Програма за 2018 г.
Краток опис:
Главната цел на проектот е натамошно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка преку спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.
Посебните цели на проектот се однесуваат на натамошното зајакнување на системот за управување со јавните финансии преку:
– подобрување на системот на буџетирање врз основа на новиот Закон за буџет што треба да биде донесен, преку изготвување на подзаконски акти, насоки/прирачници/упатства и други методолошки алатки за трезорското работење јавен долг и макроекономски прашања, како и натамошно зајакнување на капацитетите на Министерството за финансии и корисниците на буџетските средства;
– понатамошно развивање на системот за јавна внатрешна финансиска контрола преку спроведување на новата законска рамка и нoвата Политика за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, развивање на методолошки алатки во областа на финансиско управување и контрола, како и за внатрешна ревизија, градење на капацитетите на буџетските корисници на централно и на локално ниво со цел ефикасно управување со јавните финансии и засилување на координативната и надзорната улога на Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии, како и зајакнување на капацитетите на буџетските корисници во борбата против измами и корупција;
– понатамошно усогласување на законските акти и практики во областа на јавнитe набавки во Република Северна Македонија со законодавството на ЕУ, со цел подобрување на ефикасноста и транспарентноста на јавните набавки;
– обезбедување ефективна и ефикасна заштита на националните финансиски интереси и интересите на Европската Унија преку подобрување на правната, институционалната и оперативната рамка во поглед на спречување, откривање и борба против неправилности и измами.
Согласно посебните цели, утврдени се 4 компоненти на проектот.
Експерти од Холандија, Хрватска, Бугарија и Латвија, заедно со експерти од други земји-членки на ЕУ, ќе соработуваат со домашните експерти од Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки и другите релевантни институции во бројни активности предвидени во рамките на проектот.
За дополнителни информации:
Постојан твининг советник, Г-дин Родни Беторина
rodney.betorina@finance.gov.mk
Асистент на Постојаниот твининг советник, Г-ѓа Ирена Пехчевски
irena.pehcevski@finance.gov.mk
Јазичен асистент на Постојаниот твининг советник, Г-ѓица Ивана Лекиќ
ivana.lekikj@finance.gov.mk