Усогласување со законодавството на ЕУ
Националната програма за усогласување со правото на ЕУ (National Programme for Adoption of the Acquis Communautaire, односно НПАА) е националната рамка или план за исполнување на условите, односно критериумите за членство (Копенхагенски критериуми) на Република Северна Македонија во ЕУ. Целиот процес на подготовка и следење на Програмата се врши од страна на Секретаријатот за европски прашања.
Програмата е клучен инструмент за водење на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и претставува основа за следење на напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ.
Програмата има формат на среднорочен план на активности потребни за исполнување на критериумите за членство на Република Северна Македонија.
НПАА се состои од наративен дел и анекси табеларен приказ и истата презентира јасна слика за реформите и активностите за усогласување на ЕУ законодавството, кои ќе се преземат во наредните години, за градење и јакнење на административните структури потребни за имплементација на законодавството, како и потребните буџетски ресурси.
За секое поглавје од НПАА е формирана посебна работна група, која е задолжена за подготовка на мерките и активностите за усoгласување со законодавството на ЕУ, предвидени во рамки на конкретното поглавје. Министерство за финансии се јавува како носител на следниве поглавја од НПАА:
3.04. Слободно движење на капитал
3.05. Јавни набавки
3.09. Финансиски услуги
3.16. Даноци
3.17. Економска и монетарна унија
3.22. Регионална политика и координација на структурни инструменти
3.29. Царинска Унија
3.32. Финансиска контрола
3.33. Финансиски и буџетски одредби