Македонија нема да биде во рецесија во 2009 година, туку растот ќе биде малку побавен отколку во последните две години

Господине Ставрески, како ја оценувате годинава што измина, се разбира на економски план и што очекувате во таа насока од годината која е на прагот. И ќе влезе ли Македонија во 2009 та во рецесија, бидејќи од земјите во соседството и регионот доаѓаат и такви прогнози?
Последните две години без сомнение се најуспешните години за нашата земја на економски план. Во 2007 остваривме економски раст од 5,9%, а во првата половина на 2008 6,0%. Во истиот период бројот на вработени се зголеми за 7%, а бројот на невработени се намали за 3%. Поради рецесијата во која навлезе светската економија во втората половина на 2008, веројатно растот на БДП во Македонија нема да надмине 6% како што очекувавме. Од истата причина, во 2009 година економскиот раст ќе биде нешто понизок. Нашите проекции се 5%, а дури и меѓународните институции како што се ММФ и ЕУ предвидуваат дека растот на БДП во Македонија нема да биде под 4%. Рецесија е кога реалниот БДП се намалува. Значи, Македонија нема да биде во рецесија во 2009 година, туку растот ќе биде малку побавен отколку во последните две години.

И следната година, како впрочем и претходната е изборна. Дали во Владата не стравувате дека тоа ќе се одрази и на економијата во државава?
Оваа година беше изборна, но тоа воопшто не влијаеше врз економијата. Напротив, сите податоци покажуваат дека тоа е веројатно најуспешната година во историјата на Република Македонија на економски план. Затоа, не гледам како изборите во наредната година негативно би се одразиле врз македонската економија.

 

Пред крајот на 2008-та, Владата излезе со мерки за справување со последиците од глобалната финансиска криза. До каде се подготовките за операционализација на овие мерки и кои од нив, според Вас, треба да имаат најголем и најпозитивен ефект врз работењето на стопанствениците во државава?
Дозволете да забележам, Владата излезе со пакет мерки за ублажување на последиците од глобалната економска, а не финансиска криза. Се работи за 10-тина мерки. Дел од нив се однесуваат на претпријатија кои беа најпогодени од транзицијата, имаат акумулирано големи долгови по основ на неплатени јавни давачки и уште повисоки обврски за камати. За да излеземе во пресрет на овие претпријатија да расчистат со проблемите од минатото, предвидуваме отпис на каматите за заостанатите јавни давачки: даноци и придонеси, доколку се плати основниот долг. Во износ од 100% се отпишува каматата доколку главниот долг се плати најдоцна до 30 април 2009, 75% доколку уплатата се изврши до 31 август и 50% за уплата до крајот на 2009 година. Друга мерка, која исто така ќе им помогне на претпријатијата со заостанати обврски е Законот за мирување и отпишување на обврски по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување, со кој за претпријатијата кои ќе достават барање, се ставаат во мирување заостанатите обврски по основ на главен долг и камати за здравствено осигурување во следниот четиригодишен период, под услов тековните обврски да ги сервисираат редовно. Доколку тековните обврски редовно се измируваат, по истекот на 4 години, ќе им бидат отпишани заостанатите обврски кои биле во ставени во мирување. Тука е и законот за конверзија на побарувањата на државата во траен влог во 4-те фирми Охис, Емо, Тутунски комбинат Прилеп и Еурокомпозити, кој има за цел да се исчистат овие фирми и да се направат поатрактивни за продажба на стратешки инвеститор. Можноста за репрограмирање на даночниот долг ќе им помогне на фирмите за намалување на финансиското оптоварување и подобрување на нивната ликвидност, во новонастанатите околности. Со оглед на отежнатите услови за работа, забраната за плаќање за фирмите кои имаат блокирани сметки, што требаше да се применува од 1 јануари 2009 година, ќе се применува од 2010 година. Законите се во собраниска процедура и деновиве очекуваме да бидат донесени, по што ќе следи нивна имплементација.

Секако, вториот дел од пакетот на мерки се однесува на намалување на трошоците на претпријатијата кои се во подобра кондиција. Во сферата на даноците, добивката во иднина ќе е целосно ослободена од данок, а ќе се оданочува само ако се распределува во дивиденда, по примерот на естонскиот модел. Ова е една од најзначајните мерки, со која 100 милиони евра се оставаат на располагање на стопанството. Исто така, се пролонгира плаќањето на данок на камата на штедни влогови во следните две години, а ги намаливме и царините эа преку 500 проиэводи, меѓу кои бројни суровини и репроматеријали эа текстилната индустрија, машини и опрема эа металопреработувачката индустрија итн.

Овие мерки, заедно со намалувањето на стапките на социјалните придонеси за една третина почнувајќи од 1 јануари 2009 година, значат сериозна поддршка на македонското стопанство. Тие значат намалување на трошоците за тековно работење, ослободување од товарот на заостанатите обврски и со тоа подобрување на неговата конкурентност. На тој начин, македонските претпријатија ќе можат да ја пребродат кризата, односно последиците за претпријатијата и работниците да бидат поумерени.

 

Со оглед дека сме списание наменето првенствено за фирмите и другите субјекти од транспортната сфера, кои од предложените мерки најмногу ќе им одговараат и ќе бидат најкорисни за стопанствениците од оваа област?
Даночниот репрограм, ослободувањето од плаќање на данокот на распределена добивка, намалените социјални придонеси, намалените царини. Впрочем, сите мерки кои се добри за стопанството се добри эа транспортерите, бидејќи само со економски раст може да се осбеэбеди повеќе работа эа транспортните компании и добри цени эа нивните услуги.

 

Според некои од првичните експертски мислења, владините мерки нема многу да им помогнат на најпогодените индустриски гранки, како текстилците и металургијата, кои, инаку се и најголемите корисници на транспортните услуги во државава?
Текстилната индустрија е трудоинтензивна и како таква исклучително чувствителна на цената на работната сила. Намалувањето на стапките на придонеси од плати кое стартува од јануари 2009 година ќе значи значително намалување на трошоците за плати. Ова намалување ќе продолжи и во 2010 и 2011, така да текстилците , а и сите останати индустрии ќе имаат натамошно намалување на трошоците за плати што ќе влијае на зголемување на нивната конкурентност на меѓународните пазари. Намалените царини и ослободувањето од плаќање на данок на нераспределена добивка исто така ќе им помогнат на овие индустриски гранки.

 

Имаше секакви реакции за буџетот за 2009-та, дека е нереален и нема во целост да одговори да се ублажи падот на домашната економија…Нас не интересира дали со издвоените средства, тој ќе одговори на барањата и потребите за модернизација на транспортната инфраструктура, која е од огромно значење за една држава и за развојот на нејзината економија?
Без сомнение буџетот за 2009 година е поставен контрациклично, прораэвојно. Делот од буџетот наменет за инвестиции ќе изнесува 480 милиони евра односно, околу 8% од БДП. Колку за споредба во 2006 година за инвестиции беа издвоени 3%. Со високиот износ на јавни инвестиции ќе се ангажираат голем број на домашни компании эа иэградба на тие проекти, односно ќе и дадеме значителен фискален стимул на македонската економија во функција на ублажување на последиците од светската рецесија. Значителен дел од овие инвестици се наменети за патната и железничката инфраструктура, енергетиката, станбената иэградба. Инвестициите во патишта тројно ќе се зголемат, од 60 на 180 милиони евра. Ние сме свесни за значењето на добрата транспортна инфраструктура и во наредните години средствата за инвестиции во патишта ќе продолжат да растат.

 

Македонија доби лоша оценка од познатата светска агенција “Стандард енд пурс“ за нејзиниот севкупен кредитен рејтинг. Според Вас ќе има ли тоа негативен одраз врз македонската економија во наредниот период?
Македонија не доби лоша оценка од “Стандард енд пурс“. Оценката остана иста, а единствено перспективата е променета од стабилна во негативна. Македонија не е исклучок во тоа. Во текот на оваа година агенциите за кредитен рејтинг го намалија рејтингот на скоро сите земји од Централна и Југоисточна Европа. Основната причина за тоа е светската финансиска и економска криза која премина во рецесија и очекуваниот намален прилив на странски капитал во тие земји. Во такви услови рејтинг агенциите сметаат дека се зголемуваат ризиците и тоа соодветно го вклучуваат во оценките на кредитниот рејтинг на земјите од Централна и Југоисточна Европа.

 

Визната либерализација со нетрпение ја очекуваат и транспортните фирми, чии возачи често излегуваат надвор од државата и кои постојано се судираат со Шенгенскиот ѕид. Можеме ли да бидеме оптимисти дека конечно ова прашање ќе се реши во 2009-та?
Сите релевантни личности од ЕУ истакнуваат дека Македонија е лидер во регионот по прогресот во подготовките эа виэна либералиэација. Ги исполнивме сите услови кои беа поставени пред нас. Сепак, не еднаш се покажало дека и кога сите аргументи се на наша страна, политичките одлуки можат да бидат некоректни и непринципиелни. Јас сум сепак оптимист эа ова прашање.

 

Последниве две-три години се подготвувавме за големата и се уште недостижна цел – влез во ЕУ. На таа цел беа подредени и најголемите економски активности во државава, големиот број реформски зафати, усогласувања и хармонизација на нашата регулатива со онаа во ЕУ?. Што ако не ја постигнеме целта и како понатаму?

Ќе ја постигнеме целта. Можеби потешко и во подолг временски период од другите, но ќе ја постигнеме. Дотогаш, а и после тоа, мора да се водат эдрави економски политики и да се продолжи со подобрувањето на биэнис климата, эа да се одржи висок економски раст, постепено да се ублажи невработеноста и да се подобри стандардот на живеење. Мора да се одржи интерната политичка кохеэија и стабилност и да се подобри квалитетот на обраэованието, да се раэвива демократијата и се друго што е потребнио эаради самите нас, эа сите да живееме подобро и поквалитетно.

Comments are closed.