Скопје, 23 јули 2015 (МИА) – Министерството за финансии денес исплати 52,3 милиони денари субвенции за градинарски култури.

Средствата се префрлени на сметките на 1.550 земјоделци.

Финансиската поддршка за сите градинарски култури изнесува 1,5 денари по продаден килограм на преработувачките капацитети, освен за пиперките и корнишоните за кои поддршката изнесува 2,5 денари по килограм, соопшти Министерството за финансии.

Comments are closed.