Скопје, 5 јануари 2016 (МИА) – Пензии во вкупен износ од 3 милијарди 844 милиони денари денеска се префрлени на сметките на 301.000 пензионери.

Министерството за финансии информира дека просечната пензија што е исплатена во декември изнесува 13.095 денари.

– Владата останува посветена на редовната исплата на пензиите на почетокот од секој месец, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Comments are closed.