Скопје, 7 март 2014 (МИА) – На сметките на 284.878 пензионери денеска се исплатени 3.551.452.143 денари за февруарска пензија, која како што информира Министерството за финансии, од овој месец е за 600 денари повисока.

– Со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе изнесува 12.445 денари, односно ќе се зголеми за 62 проценти во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари. Со ова сме единствената земја, не само во регионот туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да се заштитат пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да се изврши зголемување на пензиите, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Comments are closed.