Скопје, 6 мај 2015 (МИА) – Министерството за финансии, заедно со претставници на банките и локалните градежни компании, во рамки на карванот „Купи куќа, купи стан“, утре во Гевгелија ќе одржат презентација на проектот.

На настанот, кој ќе се одржи во театарот во Гевгелија (мала сала) во 17 часот, претставниците ќе го презентираат начинот како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира, а воедно ќе ја претстават и локалната понуда на станови и плацови за куќи.  

Карванот „Купи куќа, купи стан“ продолжува секоја следна недела во друг град: Штип, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.

Comments are closed.