Македонија доби зелено светло од Европската комисија (ЕК) за самостојно управување со средствата на третата компонента на ИПА фондовите која се однесува на регионалниот развој. Станува збор за 40,5 милиони евра за периодот од 2007 до 2009 година, додека Владата ќе ја кофинансира имплементацијата на проектите со средства во износ од 38 милиони евра во периодот до 2012 година.Вкупниот износ на средства кои се алоцирани во оваа програма изнесува 78,5 милиони евра.
Овие средства се предвидени за финансирање на доизградбата на Коридерите 8 и 10 и проекти за унпаредување на шивотната средина. Дел од средствата ќе бидат употребени за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, како и за пречистелната станица за отпадни води во Прилеп.
Се очекува наскоро Комисијата да додели акредитација за самостојно управување со првата компонента на ИПА која се однесува на помош при транзиција и институционална надградба и со четвртата која се однесува на развој на човечките ресурси. Во септември се очекува ревизија по која се очекува и добивање акредитација за петата компонента на ИПА која се однесува на руралниот развој.