Санкт Петербург, 18 јуни 2010 (МИА) – Руската енергетска компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, изјави денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со неговиот рсуки колега Дмитриј Медвеведе во Санкт Петербург.
– Наши експери имаа анализи дека Македонија останува изолирана од гасоводите „Набуко“ и „Јужен Поток“, но оваа најава отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата, изјави Иванов.
Македонскиот заменик-премиер и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го придружува претседателот Иванова за време на тридневната посета на Русија, нагласи дека со изградбата на коридор од „Јужен Поток“ кон Македонија, земјата влегува на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, а дополнително со утрешното потпишување на договорот за подмирување на клириншкиот долг на Русија кон Македонија се отвора вратата за дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји.
Тој нагласи дека соработката со „Газпром“ покрај изградбата на кракот од „Јужен поток“, предвидено е да опфати и развој на гасна мрежа низ Македонија и учество на рускиот енергетски гигант во изградна на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана.
– Со потпишувањето на договорот за клиришнкиот долг Македонија ќе ја унапреди соработката со еден енергетски гигант како што е „Газпром“ и со Руската Фдерација во целина, нагласи Стaврески.
Тој потенцира дека реализацијата на проекторт за гасификација чини околу 300 милиони евра, од кои еден дел ќе се покрие со клириншкиот долг од 60 милиони долари и со 15 милиони долари што ќе ги вложи Владата на Република Македонија. Од руска страна е изразена подготвеност за финансирање и на останатиот дел од средствавта, но засега се разгледуваат и други можности за реализација на вкупниот проект.
Ставрески нагласи дека соработката со „Газпром“, не значи дека Македонија влегува „под друго влијание“, бидејќи во економската сфера и во меѓународната политика главен пристап е прагматизм.
Ставрески нагласи дека соработката со „Газпром“, не значи дека Македонија влегува „под друго влијание“, бидејќи во економската сфера и во меѓународната политика главен пристап е прагматизмот, а за македонските граѓани е најдобро да постојат алтернативи за обезбедување на енергенси.
Според него, Македонија ќе направи се за вклулување на „Јужен поток“, но и во гасоводот „Набуко“ и во останатите енергетски траси кои ги преферира ЕУ. „Газпром“ наскоро ќе испрати експертски тим кој ќе ги определи перформансите на гасификацијата, со што ќе се овозможи македонското стопанство да добива евтин гас. Експертскиот тим ќе го утврди и правецот на кракот од „Јужен Поток“ низ Македонија, по што би следело потпишување на меѓувладин договор за реализација на тој проект.
Покрај за енергетската соработка, на денешната средба меѓу Иванов и Медведев стана збор и за можностите за подобрување на севкупните економски односи меѓу Македонија и Русија и за потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските произвoди.
Идната соработка меѓу двете земји ќе се регулира и со Договорот за пријателство и соработка, чиј предлог-текст Македонија веќе го достави до Москва. Овој договор ќе создаде нова рамка за пријателски односи меѓу двете земји. По усогласување на текстот би следело и потпишување на договорот, за кој чин Медведев најавил подготвеност да ја посети Македонија.
Покрај средбата со Медведев, претсадателот Иванов денеска учествуваше и на Петербуршкиот меѓународен економски форум, на кој, како што нагласи, се креираат глобалните трендови.
– Македонија како мала земја мора да ги следи глобалните трендови и креаторите на светската економија, нагласи Иванов. (МИА)