15 септември 2017, Скопје – Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот е потпишан од министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски и министерот за финансии на Холандија, Jероен Дајслблум.
Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Валтер Пломп со министерот за финансии Драган Тевдовски
Со овој Договор двете министерства ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Со Договорот се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Освен соработка преку пренесување know-how, Холандија преку Договорот ќе обезбеди и финансиска поддршка за обуки и други трошоци.
И двете страни ги истакнаа блиските билатерални односи помеѓу Македонија и Холандија, како и потребата од развој на соработката и на техничко ниво помеѓу министерствата за финансии на двете земји.