Министерството за финансии денеска изврши исплатата на средства на општините по основ на концесии за минерални суровини. Станува збор за сума од 16.592.798 денари. Средствата се исплатени на следните општини: Битола, Новаци, Демир Хисар, Чашка, Сарај, Крива Паланка, Пробиштип, Радовиш, Кратово и Долнени.

&nbsp

Со стапување на сила на Законот за измена и дополнување на Законот за минерални суровини, распределбата нанадоместоците се врши во сооднос 22% за Буџетот на РМ и 78% за општината на чие подрачје се врши концесиската дејност. Порано овој сооднос беше 60% за Буџетот на РМ и 40% за општините. Оваа измена е во насока на финансиско јакнење на локалната и власт и поддршка во процесот на фискланата децентрализација.

Comments are closed.