07 јули 2014 – Министерството за финансии денес ја исплати пензијата за јули. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари.

Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари.

Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите, на тој начин обезбедувајќи поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.