29 септември 2017, Скопје – Светска банка имаше мисија во Македонија од 25 до 29 септември, во рамки на која со тимот на Министерството за финансии и други ресорни министерства беа одржани низа дискусии околу политиките во областите што ќе бидат опфатени со новиот Преглед на јавни финансии (Public Finance Review), кој ќе се изработува во текот на наредната година.

Дискусиите беа насочени кон реформите што претставуваат приоритети на Владата, а се поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, трошоците за здравствениот и пензискиот систем, образованието, субвенциите во земјоделството и други области.

Од страна на мисијата на Светска банка беше истакнато задоволството од транспарентниот пристап од институциите и намерата за понатамошно продлабочување на соработката, како и определбата за навремено и квалитетно извршување на значајните реформски процеси на новата Влада.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.