Неодамна, читајќи некои мудрости кои на залезот од животот ги напишале луѓе потонати во мир, го прочитав и следново: “… многу големи и судбоносни страсти од нашата младост почиваат на едноставно недоразбирање.

Неодамна, читајќи некои мудрости кои на залезот од животот ги напишале луѓе потонати во мир, го прочитав и следново: “… многу големи и судбоносни страсти од нашата младост почиваат на едноставно недоразбирање. Премлади, невешти и неискусни влегуваме во продавница со преполни излози, а на продавачот со решителен тон му велиме: предметот го земам и плаќам без разлика на цената. Потоа, кога се веќе е доцна, често пати се покажува дека сме влегле во погрешна продавница и сме купиле нешто што не ни треба и што никогаш не сме ни сакале да го имаме …”
Симболиката на овие мудри мисли секој од нас ја искусил барем еднаш во животот. Но темата эа денес се едни други проиэводи, грешки и проблеми. Навистина е грдо кога пред себе ќе видите слика на млади луѓе кои влегле во погрешна продавница или купиле погрешен производ. Така, во нашата околина, често пати сме сведоци на лошата слика кога пред себе гледаме алкохолизирани млади, дури и малолетни лица. И не се знае дали е погрда сликата на тие луѓе, или опачината на таа слика – општество кое е рамнодушно и летаргично кон таа појава. Очигледно некои продавници се ширум отворени за нашите малолетни деца кои влегле во нив да купат нешто што не им треба. Соочувајќи се со овој проблем, се отвараат многубројни прашања: Што се случува со сите нас? Каде се нашите традиционални вредности? Каква иднина имаат нашите млади? Што се случува со македонското семејство? Што може да стори државата?
Темата и сите проблеми кои од неа произлегуваат, бараат комплексен пристап. Сепак, одговорите на овие прашања ни се јасни на сите, или барем на повеќето од нас. Прво и најважно е сите заедно во себе и сопствените деца да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Клучот тука е во семејството, во вниманието и грижата која родителите им ја посветуваат на сопствените деца. Тоа се највредните подароци кои можат да им ги подарат. Тие подароци некогаш можат да дојдат и од друга страна, па дури и од улицата, но не ретко ваквите ситуации эавршуваат со неуспех.
Политичките лидери од своја страна треба да се постават одговорно кон граѓаните и преку соодветни политики и мерки да созадат услови во кои македонското семејство ќе биде зајакнато. Досега имавме политичари кои беа неми набљудувачи на проблемите на граѓаните. Тие не водеа активна политика за зајакнување на индивидуалниот и колективниот македонски дух. Наместо да создаваат национални победи, создаваа национални порази. Наместо да создаваат слободи, создаваа монополи и олигарси. Наместо да создаваат млади со здрав дух, создаваа морално и материјално пропаднати млади луѓе. Наместо да промовираат интелектуални и образовани работници, промовираа транзициони профитери и медиокритети. Наместо да водат политика која е ориентирана кон зајакнување на македонското семејство, го рушеа и она малку семејно достоинство што остана.
Прво и најважно за нашите граѓани е Македонија да го смени имиџот на безперспективна и корумпирана држава која е маргинализирана во светските текови. Со неколку проекти за подобрување на вкупниот амбиент за работење во државата, подобрување на односот и одговорноста кон граѓаните, намалување на корупцијата и активна кампања низ странските медиуми, сликата за Македонија полека се менува. Граѓаните имаат иднина, имаат надеж эа подобар живот.
Во тој контекст, посебно е значајно образованието и семејното воспитување. Токму затоа се иницираа многу проекти во образованието кои имаат за цел да ја подобрат македонската интелектуална слика. Со тоа ќе се подобри и личната перспектива на голем број граѓани и многу од нив на подостоинствен начин ќе можат да си ја земат судбината во свои раце. Образованието, вработеноста и можноста активно да се влијае на својата судбина, се услови кои создаваат здрава семејна атмосфера и намалување на девијантните појави.
Истовремено, животните проблеми и посебно проблемите на нашите деца, треба да се решаваат пред се во семејството. Оваа констатација може да звучи идиотски тавтологично и очигледно, но иако на многумина им изгледа така, поголемиот број од нас не е способен во целост да го разбере и направи ова. Всушност, игнорирањето на проблемите, или надежта дека ќе се решат сами од себе, е всушност најголема и универзална грешка која е подеструктивна и полоша од било кој неуспешен обид да се најде брзо решение. Решавањето на секој проблем, а посебно проблемите кои ги имаат нашите деца, бара време. Бара посветеност и внимание од родителите. Многу повеќе време, посветеност и внимание од она кое го вложуваме во решавањето на секојдневните работни проблеми. Затоа што задачата е посложена, а исходот многу позначаен.
На крајот, да се вратиме на проблемот со алкохолизираноста на младите. Пред неколку дена покренавме иницијатива алкохолот да се продава само во одредени специјализирани продавници со лиценца за таа намена. Ограничувања ќе има и во однос на точењето на алкохол и ќе се дефинира во кое време ќе биде дозволена неговата продажба во ноќните локали. На тој начин ќе се намали злоупотребата на алкохол од страна на малолетните лица. Тоа е добра и многу корисна мерка. Сепак, тоа е мерка која повеќе ги решава последиците, отколку причините за девијантните појави.
Еден голем британски државник рекол: многу е полесно да се води една држава, отколку да се израснат и воспитаат четири деца. Остануваат уште многу задачи пред сите нас. Задачи кои имаат за цел да ги зајакнат македонските семејства, да ја подобрат перспективата и да решат дел од проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите деца. Задачи кои бараат време, посветеност и работа од сите нас.

Comments are closed.