Министерството за финансии денес исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност.  

До 6 декември, по овој основ, ќе бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра).

На 8 декември доспева за исплата и еврообврзницата издадена 2005 година во вредност од 150 милиони евра.

За Министерството за финансии примарно останува точно и навремено сервисирање на обврските.

Comments are closed.