1 март 2017, Скопје – И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за изминатиот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот.

За да се избегнат манипулациите со сезонскиот ефект за дефицитот во месец јануари на располагање се и извештаите од минатите години, па јавноста може да спореди каква била реализацијата на буџетот и буџетскиот дефицит години наназад во јануари. Со оглед дека Министерството за финансии на месечна основа ги објавува овие податоци и истите се усогласени со методологијата на Меѓународниот монетарен фонд, навистина нема простор за шпекулации и политички поентирања, бидејќи секој кој сака може да направи увид.

 

Comments are closed.