23 мај 2018, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Тевдовски и ја честиташе функцијата на Ангеловска-Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи.

На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, беше заклучено дека добрата координацијата на фискалната и монетарната политика, во насока на остварување на макроекономските цели, ќе продолжи и во иднина.

Comments are closed.