17 август 2018 година, Скопје – Министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваше на чествувањето на Денот на АРМ, 18ти август.

Една од првите мерки на Владата беше зголемување на платата од 10 проценти за вработените во одбраната и зголемување на буџетот во одбраната со цел да се постигнат НАТО стандардите.

На денешната церемонија се обрати министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која посочи дека со исполнување на Стратешкиот одбранбен преглед и Стратегијата за одбрана е вратен фокусот на клучните реформи во одбраната и членството во НАТО.

Придобивките од членството во НАТО ќе се почувствуваат и во економијата.

Comments are closed.