18 март, 2020 – Скопје – Интервентен сет на мерки за заштита на ликвидноста и на работните места таргетиран за граѓаните и фирмите погодени од COVID – 19.
1.Ослободување од аконтации од данок на добивка
Мерката важи за април, мај и јуни 2020 година, за компаниите од секторот туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, под услов да не го намалат бројот на вработените од денот на користење на мерката, под бројот од месец фебруари 2020 година и да не исплатиле дивиденда, во текот на 2020 година до денот на поднесувањето на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година и да не исплатиле награда бонус по влегување во сила на одредбата.
2.Одлагање и реструктурирање на отплатите на кредитите за фирми и граѓани
Народната банка подготвува регулатива што ќе ја донесе Советот на Народната банка за стимулирање на деловните банки за реструктурирање (во смисла одложување на плаќање) на обврските за заемите на компаниите и домаќинствата – правните и физичките лица3. Субвенционирање на 50% од придонесите за април, мај и јуни по вработен, до максимум просечна плата во земјава
4.Бескаматен кредит за заштита на ликвидноста на микро, мали и средни фирми погодени од коронавирусот:
Ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност односно чија што економска активност е погодена од коронавирусот, со поповолни услови – со грејс периоди од 6 месеци, рок за отплата од 24 месеци, на тримесечни рати. Кредитите ќе бидат во висина од 3.000 евра до 30.000 евра, а висината ќе биде во зависност од бројот на вработени во компанијата.
5.Фонд за поддршка на туризмот за опоравување од Covid-19
6.Замрзнување на цените на основни производи заклучно цената која била на денот на прогласување на пандемија, односно 11 март
Се замрзнуваат цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони средства со сојстојба на денот на прогласување на пандемијата од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури
7.Бескаматен кредит за заштита на работните места преку Развојната банка, за фирмите кои ќе имаат проблем да исплатат плата
Ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност односно чија што економска активност е погодена од коронавирусот, со поповолни услови – со грејс периоди од 6 месеци, рок за отплата од 24 месеци, на тримесечни рати. Кредитите ќе бидат во висина од 3.000 евра до 30.000 евра, а висината ќе биде во зависност од бројот на вработени во компанијата.
8.Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт и угостителство и други погодени компании
За месеците април, мај и јуни 2020 година, со субвенција на плата по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов да не го намалат бројот на вработените од денот на користење на мерката, под бројот од месец февруари 2020 година и да не исплатиле дивиденда, во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година и да не исплатиле награда бонус по влегување во сила на одредбата.
9. Намалување на законски затезната камата за 50%
Од 10% на 5% за правни лица и од 8% на 4% за физички лица
10. Преполовување на казнена камата за јавни давачки – од 0,03 % на 0,015%
*Препорака до провајдерите за намалување на цената за одржувањето на фискални каси за 50%
*Препорака до банките за намалување на цените за финансиски извештаи за ДДВ за промет
Ова е само првиот пакет на мерки со цел премостување на првичниот удар. Се подготвуваме и за стратешки мерки за опоравување и помош на бизнисот кога ќе дојде таа фаза.