31 јануари 2019, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за четвртото тримесечје од 2018, односно заклучно со декември 2018 година.
На крајот од 2018 година, државниот долг изнесува 40,7% од бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 48,7% од БДП.
Споредено со третиот квартал на 2018 година, во четвртиот квартал државниот долг е повисок за 0,4 процентни поени, додека јавниот долг е повисок за 0,5 процентни поени.