Кратко претставување на проектот

Проектот „Понатамошно усогласување со EU acquis во областите на движење на капиталот и плаќања и финансиски услуги – пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги“ е финансиран од програмата на ЕУ за претпристапна помош за Македонија, со цел усогласување на домашната правна регулатива во областа на финансиските пазари со правото на ЕУ – Acquis Communautaire во областа на пазарот на капитал и платежните услуги.

Во моментов, сите најважни директиви и регулативи во оваа област се транспонираат од страна на експертите на Проектот и домашните институции – партнери: Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност. Оттаму, следниве темелни правни акти на ЕУ наскоро ќе станат дел од македонското законодавство: Директивата и Регулативата за Пазари на финансиски инструменти II, Регулативата за пазарни злоупотреби II, Директива и Регулатива за капитални барања IV, Директивата за проспекти, Директивата за транспарентност, Директивата за прием на хартиите од вредност на котација на официјален пазар на берза, Директивата за конечност на порамнувања, Директивата за платежни услуги и Директивата за електронски пари II.

Со транспонирање на овие правни акти на ЕУ, Република Македонија ќе се здобие со високо ефикасна регулаторна рамка која ќе биде во чекор со најновите законски достинувања во полето на пазарот на капитал и платежните услуги. Новите законски акти заедно претставуваат софистициран систем чиишто одредби нема меѓусебно да се преклопуваат или судираат, туку напротив, ќе се надополнуваат и ќе ги следат истите водечки принципи.

Како резултат на значителните законски реформи, учесниците на пазарите, инвеститорите и давателите на платежните услуги ќе ги применуваат исти правила кои се во сила насекаде во Земјите – членки на ЕУ и ќе го уживаат истото ниво на заштита на своите права. Органите задолжени за надзор ќе имаат нов, сеопфатен склоп на овластувања и надлежности слични на оние со надзорните органи во ЕУ. Со ова ќе им се овозможи на домашните надлежни органи успешно да се справуваат со сите потенцијални предизвици кои може да произлезат од поширокиот опфат на услуги и активности за кои е веројатно дека ќе се појават како резултат на примената на овие правни акти од Acquis

Овој Проект исто така ќе придонесе кон отворање и либерализација на македонскиот пазар, бидејќи трошоците на исполнување на сите законски барања за компаниите од Европската Унија кои имаат намера да инвестираат во Република Македонија ќе бидат значително намалени, со оглед на тоа што домашната правна регулатива во областите покриени со Проектот ќе биде потполно еднаква со онаа во Земјите – членки на ЕУ. Усогласувањето на правната рамка со онаа во ЕУ ќе помогне на пазарот да се појават нови меѓународни инвеститори и ќе придонесе кон зголемување на конкуренцијата, смалување на трошоците и ќе го зголеми изборот.

Конечно, целта на активното вклучување на споменатите институции вклучени во овој Проект е осовременување на законската рамка, создавање услови за воведување на нови производи и услуги на финансискиот пазар во Македонија, јакнење на финансиската стабилност и на надлежностите на надзорните органи, како и подобрена заштита на инвеститорите и сите учесници на пазарот.

Проектот го спроведува Alternative Consulting, во конзорциум со PwC EU Services (Белгија) и PwC DOOEL Skopje

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.