19 Јуни 2018, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 900 милиони денари, од кои утре ќе врати 462,2 милиони денари по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 437,8 милиони денари. На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 320 милиони денари со камата од 1,00% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 580 милиони денари со камата од 3,00%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 265 милиони денари со камата од 1,45%, 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 150 милиони денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 65 милиони денари, со каматна стапка 4,60%. 

Во текот на месец јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,843 милијарди денари или 29,9 милиони евра.

Comments are closed.