28 мај 2019, Скопје – На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 2,5 милијарди денари (40,6 милиони евра), од кои во текот на месец јуни ќе се врати износ од 2,02 милијарди денари (32,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,5 милијарди денари со камата од 0,80%.
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои ќе се отплатат во текот на месец јуни се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1,4 милијарди денари со камата од 1%, 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 249,5 милиони денари со камата од 0,30% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 422,8 милиони денари со камата од 4,60%.
Во текот на месец мај по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,9 милијарди денари или 46,9 милиони евра, додека во јуни доспеваат за исплата 2,2 милијарди денари или 35,9 милиони евра.