28 ноември 2017, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 28.11.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).
Станува збор за 6-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари со камата од 1,55%,12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,6 милијарди денари со камата од 1,85%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 120 милиони денари со камата од 2,35% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 125,01 милиони денари со камата од 3,80%.
На 29 ноември 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.
Известувањата за аукциите можете да ги преземете на следните линкови: