Export – Import Bank of China (EXIM)

Основана во 1994 година, Експорт-импорт банката на Кина е банка во целосна сопственост на кинеската влада. Седиштето на банката е во Пекинг. Истата има повеќе од 20 деловни подружници во Кина, една подружница во Париз, Франција и две претставништва, од кои едно за јужна и источна Африка и другото во Санкт Петербург, Русија. Целта на банката е олеснување на извозот и увозот на кинески механички и електронски производи, нудејќи нова опрема и високо-технолошки производи. На овој начин банката им помага на кинеските компании при склучување договори за имплементација на проекти, а воедно и ја промовира меѓународната економска соработка и трговија. Повеќе инфoрмации на www.eximbank.gov.cn.

Соработката помеѓу Република Северна Македонија и Експорт-импорт банката на Кина е преку реализацијата на проектите: „Изградба на автопат Миладиновци – Штип“, чија вкупна вредност е 213,7 милиони УСД и „Изградба на автопат Кичево – Охрид“, во вкупна вредност од 684,7 милиони УСД.

Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA)

Шпанската Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA), претставува глобална финансиска групација која на своите индивидуални корпорациски клиенти им нуди голем опфат на финансиски и нефинансиски услуги. Банката BBVA егзистира на шпанскиот пазар повеќе од 150 години, а своите активности ги има проширено во Јужна Америка, Мексико, САД, Кина и Турција. Повеќе инфoрмации на www.bbva.com.

Instituto de Credit Oficial (ICO)

Instituto de Credit Oficial (ICO) од Шпанија е основан во 1971 година и претставува финансиска институција во државна сопственост поддржана од страна на Министерството за економија и финансии на Шпанија. Повеќе информации на www.ico.es.

Во однос на соработката со Шпанија, Република Северна Македонија во мај 2002 година обезбеди заем во износ од 9,8 милиони евра преку ICO и BBVA за хидромелиоративниот систем „Лисиче“. Заемот всушност беше насочен кон изградба на брана со придружни објекти.

Depfa Investment Bank Limited (Depfa Investment Bank Plc)

Depfa Bank Plc, Ирска е дел од Hypo Real Estate Group од Германија. Групата се идентификува како специјализирана банка за работи со недвижен имот и јавни финансии. Своите активности во најголем дел ги концентрира на Германија и Европа, а во зависност од одредена област се активира и на другите меѓународни пазари.

Depfa Bank Plc е основана според ирските закони, со мрежа меѓународни подружници и филијали. Од октомври 2007 година нејзиниот капитал е 100% во сопственост на  Hypo Real Estate Group од Германија. Повеќе информации на www.depfa.com.

Соработката помеѓу Република Северна Македонија и банката ДЕПФА е преку реализацијата на Проектот ХЕЦ „Св. Петка“ чија вкупна вредност изнесува  57.437.621 евра од кои 41.037.62 евра се кредит од Depfa Bank Plc, Ирска (поранешна Depfa Investment Bank Limited од Никозија, Кипар). Проектот се состоеше од изградба на лачна брана висока 69 метри, со сите придружни објекти и машинска зграда со соодветна опрема и инсталирана моќност од 36,4 МW.

Cassa Depositi e Prestiti (поранешна ARTIGIANCASSA S.p.A)

Cassa Depositi e Prestiti е италијанска национална промотивна институција, која ја поддржува економијата од 1850 година.

Cassa Depositi e Prestiti, матична компанија на групацијата CDP, е акционерско друштво со 80,1% сопственост на италијанската влада, 18,4% сопственост на група банки и 1,5 % сопствени акции.

Cassa Depositi e Prestiti учествува со финансирање во секторот  јавна администрација, финансирање инвестиции и промоција на проширување на недвижниот имот, како и финансирање изградба на социјални станови.

Групата го помага извозот на бизнисите од сите големини, со вложување  средства, како долгорочен партнер во соодветните италијански компании.

Повеќе информаци на www.cdp.it.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.