15 септември 2020 година, Скопје – Министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими, оствари средба со амбасадорката на Германија во Република Северна Македонија, Анке Холстеин.

На средбата беа истакнати пријателските односи помеѓу двете држави.

Министерот Бесими ѝ се заблагодари на Холстеин за поддршката што Германија, во континуитет, ѝ ја даваше на нашата држава во процесот на полноправно членство во НАТО, како и за поддршката во процесот на приклучување кон големото европско семејство – ЕУ.

Сојузна Република Германија е наш најзначен трговски партнер од осамостојувањето до денес, и во таа насока се разговараше за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка помеѓу двете земји во неколку области и индустрии, со посебен акцент на поврзување на македонските компании со нивни партнери од Германија.

Двете страни се согласија дека концептот на дуално образование коешто во моментот се реализира во Северна Македонија, а е поддржан од страна на германската влада и Германско-македонската стопанска комора, е модел којшто дава резултати и е добра основа и перспектива со цел младите да останат во државата.

Министерот Бесими ги потенцира приоритетите на Владата во наредниот период коишто се во насока на постигнување забрзан и одржлив економски раст преку зголемување на конкурентноста на македонската економија, вложување во истражувања и иновации и вложувања во човечки капитал, за што доби потврда од страна на амбасадорката Холстеин, дека поддршката од германската страна ќе биде во насока на владините приоритети.

На средбата стана збор и за билатералната финансиска соработка со Владата на СР Германија којашто се реализира преку Банката за развој KфВ, како и преку техничката соработка спроведувана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.