Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари средба со амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер.
На средбата беше констататирана добрата соработка меѓу двете земји и беше потпишан Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 г. меѓу Владата на Сојузна Република Германија и Македонската влада за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот.
Германија е најголем трговски партнер на Македонија со кој остваруваме суфицит во трговската размена.
*фотографијата е преземена од веб-страната на Германската амбасада во Македонија