3 октомври 2017, Скопје – Денеска, тимот на Министерството за финансии и Царинската управа, предводен од министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, оствари средба со директорот на Царинската управа и помошник-министер за финансии на Хрватска, Хрвоје Човиќ и претставници на хрватската царина.

На средбата што се одржа во Министерството за финансии, директорот на хрватската царина ги сподели искуствата и реформите што ги спровеле во евроинтегративниот процес.

Од страна на тимот на Министерството за финансии беа изложени плановите и идеите за реформите во Македонија, особено воведувањето нови современи ИТ системи, кои наидоа на мошне позитивни реакции кај хрватската страна.

Како што беше истакнато од првиот цариник на Хрватска, Човиќ, Македонија има силна поддршка и партнер во Хрватска во процесот на интеграција кон ЕУ.   

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.